Фановите на Дара во транс: Тврдат дека идејата за концертот на Бубамара од 2018 година ѝ ја украла Тејлор Свифт! Тужи ја Радојка, не запирај! (ФОТО)

Дара Бубамара, наводно повторно била копирана од светските ѕвезди!

Така барем мислат дел од твитерџиите, кои забележаа голема сличност меѓу сценографијата и кореографијата на актуелната турнеја на Тејлор Свифт со онаа што Дара ја имаше на нејзиниот концерт во белградската арена во 2018 година.

Имено, Свифт, која моментално ги соборува сите светски рекорди на турнејата „Еras“ за која веќе продаде два и пол милиони билети, во еден дел од концертoт седи на сцената со танчери кои држат огромни лепези, што е речиси идентично со сцените и кореографијата, кои Дара ги имаше во Арената пред пет години, кога ја изведе песната „Polje jagoda – Поле со јагоди“.

– ,,Тејлор ладно ја ископира Дара!”, ,,По Шпанците, и Тејлор ја презеде идејата од Радојка!”, ,,Светска ѕвезда Бубамара!”, ,,Тужи Радојка и не застанувај!”, ,,Тука има премногу сличности!” – се само дел од коментарите на твитерџиите.

Да потсетиме, минатата година на Твитер се шушкаше дека шпанската претставничка Шанел, како што е нејзиното уметничко име, ја ископирала песната на Бубамара „Eкстравагантно”, која ја претстави на публиката уште во 2017 година и дека треба да биде дисквалификувана поради плагијат.

– ,,Победничката песна Шанел треба да биде дисквалификувана поради непочитување на прописите на Евровизија”, ,,Тоа е иста како песната на Дара Бубамара од Србија!”, ,,Заинтересирани сме да видиме што ќе направи жирито за ова”, ,,Дали Шанел знае дека нејзината песна е иста со пејачката Дара Бубамара?” – беабдел од коментарите на Твитер.

Потоа оваа ситуација ја коментира и самата Дара.

– ,,Кога влегов на социјалните мрежи бев шокирана. Добив милион пораки од Шпанците. Ми испратија линкови и скриншотови од натписи во локалните медиуми, дека овогодинешниот претставник на Евровизија ја копирал мојата песна. Ја слушав песната и јасно е воочлива сличноста. Сепак, малку задоцниле, или мислеле дека нема да бидат провалени. Мојот хит го снимав во 2017 година, а сега е 2022. Гледам дека се крена врева, а и мојот тим ќе поднесе тужба. Сега цел свет ќе слушне за мојот хит. Така треба да биде. Евросонг е светски познато музичко натпреварување, а за плагијат сите ќе коментираат” – изјави тогаш Бубамара, која во меѓувреме се откажа од тужбата, бидејќи Шпанија таа година не победи на овој натпревар.