Фановите шокирани! Џејла Рамовиќ во врска со кикбоксер од Нови Сад? Се гледаат со месеци на тајни места, а се уште се свежи шпекулациите за Марија Шерифовиќ!?

Пејачката повторно е во центарот на вниманието поради приказните за нејзиниот љубовен живот.

Џејла Рамовиќ (22) наводно е во врска со кикбоксер од Нови Сад, со кој со месеци оди на различни дестинации.

Тие, наводно, пред неколку дена биле во Истанбул, уживале на крстарење по Босфорот, а на Инстаграм објавиле фотографии и видеа на кои не се заедно.

Кикбоксерот позираше на брод со маж, а Џејла само сподели снимка од галебите и панорама на Истанбул.

Пред Истанбул биле во Тајланд, а во јули минатата година наводно биле и на хрватското приморје, но во поголема компанија, тврди Курир.

На некои страници можеше да се прочита како Џејла и кик-боксерот наводно живееле заедно, и тоа во Барселона, каде пејачката престојувала поради своето образование.

Џејла во февруари за Ало ги коментираше гласините за типот на врската и дружењето со кик-боксерот:

– Уживам во дружењето со луѓето што ги сакам. Имам одлично друштво, патуваме, излегуваме и го поминуваме слободното време заедно. Друштво како и секое друго! Не ми е јасно некој да ме праша зошто некој ми е пријател. Освен тоа, немам намера да ги изложувам моите пријатели на стрес и да ги претставам во јавноста.

Да потсетиме, со години се зборуваше и пишуваше за наводната емотивна врска меѓу Џејла и Марија Шерифовиќ, со која се зближила бидејќи Марија и била ментор во Звезде Гранда.

Не еднаш, Џаила била снимена како влегува во самата зграда во која живеела Марија. Ниту една од нив никогаш отворено не го коментирала ова.