Пензионираниот фудбалер на Барселона Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Марти, поради која ја остави пејачката Шакира, не ги напуштаат насловите на светските медиуми, а се чини дека нивната приказна доби нов заплет.
Имено, странските медиуми пренесуваат дека 24-годишната фатална Клара веќе му била неверна на Џерард и дека го изневерила со познатиот фудбалски тренер, 52-годишниот Хосеп Пеп Гвардиола, пренесува порталот onefootball.
-Една од тактиките на Гвардиола која апсолутно никој не ја виде дека доаѓа беше еден од коментарите на социјалните мрежи кој брзо се прошири откако нови гласини се проширија низ социјалните мрежи.
Но, некои не можат и не сакаат да веруваат во тоа.
-‘Ајде човече, озборувачки таблоид си или фудбалски профил? Крајно е срамно дури и да се пријави ова ѓубре“, „Мислев дека помина први април“, коментираат дел од гневните фанови на Џерард кој инаку е многу близок со Пеп.
Децата на Гвардиола оделе во исто училиште како и Клара, па двајцата се познаваат подолго време и се во контакт, но засега нема јасни докази дека имало нешто повеќе меѓу нив. Пепе е среќно оженет со Кристина Сиера, која ја запознал пред 27 години, кога биле тинејџери. Љубовната бајка ја крунисаа со свадба во 2014 година, а заедно имаат три деца Марија, Мариус и Валентина.
Џерард и Клара се почесто се појавуваат заедно во јавноста по долго време криење, а ниту една од страните се уште не ги коментирала последните гласини.