Фетаи: Крешник Бектеши го бранат адвокатите на Мијалков и Латас

Вицепремиерот за политика и добро владеење Арбен Фетаи во изјава за весникот ЛАЈМ вели дека Владата прави сè за да се расветли трагедијата Кочан.

Тој го коментираше и апсењето на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, за кого, како што рече, го бранат адвокатите на Мијалков, кои според него ги бранеле најголемите криминалци во државата.

„Изјавите на ДУИ се перверзни од својот вид. Луѓето кои имаат стотици луѓе во нивната партија кои се вмешани во коруптивни афери и трагедии, излегуваат да ни држат предавања за правда и одговорност, тоа е перверзија што само ДУИ може да ја направи. Гледаме дека донекаде се повлекле откако премиерот рече дека ќе ги разоткрие. Бектеши го бранат адвокатите на Мијалков, адвокатите на Латас. Додека ни зборуваат за правда и Албанци, немаат ниту тим за одбрана на Албанците и се познати по тоа што ги бранеа најголемите криминалци во државата“, изјави Фетаи за весникот ЛАЈМ.