Причината за проблемот се уште не е позната.
Голем број корисници пријавуваат проблем со логирање на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм . Многумина ја контактираа платформата DownDetector , која ги следи проблемите со социјалните мрежи. Сепак, причината за падот на мрежата се уште не е позната.
Околу 16 часот, корисниците почнаа да пријавуваат дека неможат се логираат на Фејсбук и Инстаграм. „Се обидов да се логирам и ме исфрли барајќи лозинка. Но, откако не ја прифати, се исплашив дека сум хакирана и не разбрав како затоа што имам двојно ниво на безбедност“. изјавила вознемирена жена за падот на Фејсбук.