Физичар ја испраќа својата ДНК на Месечината за да биде клонирана од вонземјани

Сè попопуларните „погреби на Месечината“ чинат нешто помалку од 13.000 долари, а за овие пари покојниците добиваат единствена ‘можност’ потенцијално да бидат клонирани некаде за 30 или 40 илјади години.

Концептот за задгробен живот е многу сомнителен за многумина, но не и за 86-годишниот физичар Кен Ом, кој верува дека животот после смртта е можен надвор од орбитата на Земјата . Условот е посмртните останки да бидат закопани на Месечината, како и покојникот да „носи“ од 20 до 30 илјади години , додека вонземјаните не решат да ги користат за клонирање.

Физичар ја испраќа својата ДНК на Месечината со надеж дека вонземјаните ќе ја клонираат

Пензионираниот професор по физика, Кен Ом, на 86-годишна возраст дошол на идеја да ги закопа неговите посмртни останки на Месечината и, како што верува, на овој начин уште еднаш постхумно ќе придонесе за науката. Како што изјави во интервју за Њујорк Тајмс, можностите на Ом за неговата последна желба се бескрајни.

Желбата на професорот е всушност погледот во иднината , а како што рече, најголемата надеж ја полага во вонземјаните, за кои посмртните останки на претставниците на човечкиот вид можат да се користат како идеален материјал за клонирање во илјадници примероци. Неговиот придонес, како што верува, ќе одигра важна улога во создавањето на „меѓугалактичка зоолошка градина“  во иднина. Сепак, според научникот, сега не е вистинското време за тоа, но тоа може да биде за 20 до 30 илјади години.

Погреб во вселената со почеток од 2.500 долари

Ом, кој целиот свој работен век го посвети на физиката, на оваа идеја се одлучил откако ги истражувал ценовниците на компаниите кои обезбедуваат транспорт на смртни остатоци во вселената, а верувале или не, цените се повеќе од достапни. За испраќање на смртни останки во вселената со ракета, потребно е да се издвојат (само) 2.459 американски долари.

Испраќањето на смртни останки од Земјата до површината на Месечината или некоја друга точка длабоко во вселената чини малку повеќе, околу 13.000 долари , што сепак не звучи толку драматично ако се земе предвид дека во речиси сите земји во светот, вкупните трошоци за погреб е околу 10.000 долари.

Професорот Ом не е изолиран случај

Иако оваа идеја за одење во вечен одмор може да звучи бизарно за повеќето, професорот Кен Ом не е изолиран случај. Своето место на небото во вистинска смисла на зборот веќе го „резервираа“ бројни астронаути, цивили, па дури и професионални спортисти . Компанијата која организира вакви погреби веќе има 17 „меморијални“ вселенски летови од нејзиното формирање во 1994 година , а како што многумина веруваат, нивното време допрва доаѓа.