СДСМ е подготвен за предвремени избори, вели денеска партискиот лидер Филипче на прес конференција.
– Тоа што има најава за предвремени избори само 3 месеци по формирањето, значи дека на владата навистина не и оди. Теренска анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата.
Ние сме спремни да одиме на било какви избори. На секој следен циклус на избори ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Неговата изјава доаѓа како одговор на новинарско прашање во врска со понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.