ФИЛИП ТАЛЕСКИ ПОТПИШИ ЗА БЕНФИКА ОД ЛИСАБОН: Ќе направам се од моја страна за да ги исполниме нашите цели

Левиот бек на ракометната репрезентација на Северна Македонија, Филип Талески, потпиша едногодишен договор со Бенфика од Лисабон, соопшти португалскиот клуб.

Талески се сели во Португалија од македонскиот вицешампион Вардар во 1961 година и ќе биде третиот македонски ракометар што ќе го облече дресот на Бенфика, по голманите Никола Митревски и Борко Ристовски.

Талевски за клупскиот сајт на Бенфика изјави дека е многу среќен што ќе игра за тој клуб, еден од најдобрите во светот.

„ Ќе направам се од моја страна за да ги исполниме нашите цели “, рече Талески.

Репрезентативниот лев бек претходно настапуваше за скопски Металург, како и за германските ракометни клубови Балинген и Рајн Некар.