Денеска во Белград се случи драматична потера, која кулминираше со пукање во Булевар Краља Александра, каде осомничениот за убиството на Никола Станковиќ Пивце рани полицаец.
Според информациите на порталот Нова.рс, припадници на Управата за криминалистичка полиција го привеле осомничениот и уште едно лице откако ги фатиле и ги опколиле.
Инцидентот започнал кога полициските службеници ги забележале црвената и започнале бркотница од Правниот факултет кон улицата Батутова. Возачот на „шкодата“ при бегството возел по спротивната лента и преминал преку трамвајските шини, предизвикувајќи хаос во сообраќајот и загрозувајќи ја безбедноста на минувачите. Потерата заврши на улицата Батутова, каде полицајците го опколија возилото со црни автомобили и го запреа откако испукаа неколку истрели.
Според очевидци, сцената изгледала како нешто од акционен филм.
,,Бев на булеварот, на семафорите на раскрсницата со Батутова. Одеднаш здогледав црвен автомобил како се спушта по булеварот по шините, а зад него друг црн го брка. Кога црвениот автомобил се обиде да сврти, на црниот автпмобил друг го блокираше, а потоа одеднаш пристигнаа уште три или четири автомобили.
Лица со ознаки на ,,УКП” излегле со оружје и се слушале истрели. Веднаш извлекле човек од автомобилот и го фрлиле на асфалтот. Сè се случи на еден метар од мене, беше страшно. Бев во шок и веднаш го возев автомобилот понатаму“, изјави сведокот на настанот.
На местото на настанот излегол дежурниот обвинител на Вишото државно обвинителство во Белград, кој извршил увид, а повредениот полицаец бил пренесен во болница. Неговата состојба засега не е позната.
Осомничен поврзан за убиството на Никола Станковиќ
Oсомничениот кој беше уапсен во денешната потера е поврзан со неодамнешното убиство на Никола Станковиќ Пивцет (27), кој беше ликвидиран на 21 декември во Калуѓерица. Станковиќ и’ бил познат на полицијата поради претходни кривични дела и бил во домашен притвор со лисици на рацете поради пукање во познат белградски клуб, пишува Телеграф.рс.
Убиството на Станковиќ се случи во неговата куќа на улицата Радослав Игњатовиќ, каде напаѓачите упаднаа во раните утрински часови co фантомки и панцири. Станковиќ бил убиен со три истрели додека спиел, а неговата бремена свршеница Т.Д.(25) била ранета во раката. Напаѓачите по злосторството побегнале со автомобил кој подоцна бил идентификуван преку безбедносните камери.
Според полициски извори, мотивот за убиството сè уште не е познат, но се сомнева дека напаѓачите знаеле кога Станковиќ ќе се врати дома и го чекале надвор. За време на нападот ранета е неговата девојка, која била клучен сведок на убиството.
Филмска бркотница и пукање предизвика страв кај граѓаните
Драматичната бркотница во центарот на Белград и пукањето што следеше предизвика паника кај граѓаните. Инцидентот се случил во еден од најфреквентните делови на градот, а според очевидци ситуацијата била крајно опасна.
Полицијата брзо реагирала и со акцијата „Вител“ успеала да ги лоцира и уапси осомничените. Истрагата за двата случаи – денешното пукање и убиството на Никола Станковиќ – продолжува интензивно.