Бугарски криминалец успеал да побегне од грчката државна болница Никаја во Атина, пренесува весникот „Катимерини“.
Тој побегнал во саботата вечерта и е криминалец кој бил во притвор поради трговија со дрога, објави државната јавна телевизија ЕРТ.
Тој претходно тврдеше дека е болен и беше пренесен во болница.
Во еден момент побарал да оди во тоалет, со што скокнал од прозорецот на бањата.
Грчката полиција интензивно трага по него.