Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) разгледува санкции против Индонезија откако на оваа земја ѝ ја одзеде организацијата на Светското првенство до 20 години, најави првиот човек на индонезискиот фудбал Ерик Тохир.
ФИФА ѝ ја одзеде на Индонезија организацијата на СП поради неисполнување на обврските по револтот на дел од политичарите во оваа мнозинско муслиманска држава поради настап на Израел на завршниот турнир.
ФИФА презеде акција по едностраната одлука на Фудбалската федерација на Индонезија да ја откаже официјалната жрепка бидејќи градоначалникот на Бали одби да ја нагости израелската делегација.
Одземањето на организацијата на СП предизвика голем револт меѓу навивачите и играчите во оваа азиска држава во која фудбалот е многу популарен.
Првиот човек на индонезискиот фудбал изјави на прес – конференција дека Индонезија би можела да се соочи со најостри санкции кои би вклучувале забрана за настап на сите натпреварувања во организација на ФИФА.