Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно денеска ќе донесе одлука за враќање на руските репрезентации до 17 години на меѓународната сцена и со тоа ќе ја ублажи целосната суспензија под која се наоѓа Русија поради инвазијата врз Украина.
Советот на ФИФА, со кој претседава нејзиниот претседател Џани Инфантино, во текот на денешниот ден ќе одржи онлајн состанок и ќе разговара за прашањето за Русија, јавија светските агенции.
Евентуалната позитивна одлука на ФИФА ќе значи поистоветување со чекорите кои минатата недела ги презеде УЕФА за враќање на руските репрезентации до 17 години во европските натпреварувања.
Советот на ФИФА брои 37 членови, вклучувајќи девет од УЕФА.