Фицо: Словачка нема да се спротивстави на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ на претстојниот самит
– Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека Братислава нема да се спротивстави на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ на претстојниот самит на лидерите на ЕУ.
„Ние нема да се спротивставиме на одлуката на Европската унија да започне преговори со Украина. Тоа е политичка одлука што нема никаква врска со реалноста“, им рече Фицо за членовите на Комитетот за европски работи на словачкиот Парламент.
Тој исто така истакна дека Украина не е подготвена за процесот на пристапување, пренесува Укринформ.