„Фич“ предвидува исчезнување на растот на потрошувачката во САД по штедењето за време на KОВИД

Американските потрошувачи моментално имаат околу 900 милијарди долари вишок заштеди.

Агенцијата „Fitch Ratings“ во четвртокот објави дека предвидува дека зголемувањето на потрошувачката во САД, како резултат на акумулираните заштеди за време на пандемијата на коронавирус, најверојатно ќе ослабне, јавува Анадолија.

„Американските потрошувачи моментално имаат околу 900 милијарди долари вишок заштеди, што е еквивалентно на 5 отсто од трошоците“, велат од „Фич“.

Се додава дека доколку потрошувачите продолжат да трошат вишок заштеди со просечна стапка од 73 милијарди долари месечно, преостанатите вишок заштеди ќе исчезнат до вториот квартал на 2024 година.

Олу Сонола, шеф на американската регионална економија, вели дека „Фич“ проценува дека кумулативниот дел од штедениот вишок е веќе намален за 60 отсто во однос на неговиот врв, дека е малку веројатно дека значителен дел од преостанатиот вишок ќе биде потрошени затоа што отишле во домаќинства со повисоки приходи“, се наведува во соопштението.

Исто така, се проценува дека два фактори можат да го спречат целосното исцрпување на преостанатиот вишок на заштеди.

Прво, дел од вишокот заштеди отидоа во сопственички хартии од вредност, кои се со помала веројатност да се претворат во потрошувачка.

Второ, бидејќи поголемиот дел од вишокот заштеди беа искористени за акумулирање ликвидни банкарски депозити, голем дел од нив отиде во рацете на потрошувачите со високи приходи, кои се со помала веројатност да ги пренасочат заштедите кон потрошувачката во блиска иднина.