Фон дер Лајен пристигна во Скопје, ќе се сретне со Пендаровски и Ковачевски, но не и со Мицкоски

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнува во официјална посета на Македонија.

Оттука ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан.

Фон дер Лајен денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, а утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

По заедничката прес-конференција во Владата, Фон дер Лајен и Ковачевски ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, која е корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Фон дер Лајен нема да се сретне со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево.