Формирани двојките за четвртфиналето во плејофот од Македонското кошаркарско првенство

 Со одигрување на натпреварите од последното, 22. коло, во Првата кошаркарска лига, формирани се двојките кои ќе разигруваат за титулата.

Според пласманот на табелата, во четвртфиналето од плејофот се среќаваат:

МЗТ Скопје – Кожув,
Пелистер – Феникс,
ТФТ – Еуро Никел
Гостивар – Работнички.

Во четвртфиналето ќе се игра до две победи.