Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

Пред неколку деноби на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценуваше 65 пријави во 15 категории.

Ова се победниците по категории:

Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал – Пасворд Продукција Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал – Пасворд Продукција

Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти

Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје Најдобар настан за бренд активација – Schweppes Mixology – Меккен Скопје

Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК

Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје

Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио

Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест

Најдобро место за одржување на настани – Филхармонија на РСМ

–     Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. Со БЕАМ правиме пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на креативноста и квалитетот на настаните. Им честитаме на сите добитници на БЕАМ наградата, велат организаторите

БЕАМ Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.

Од БЕАМ за оваа есен ја најавуваат и првата конференција и саем на ивент индустријата каде фокусот ќе биде ставен на едукација, вмрежување и отворање на бизнис можности за сите компании.