ФОТО\ВИДЕО | НАДРЕАЛНИ СЦЕНИ ОД ИСЛАНД – Лава го проголтува градот, куќите и зградите: “Се подготвувавме, но ова е најлошото можно сценарио!“

Вулкан на исландскиот полуостров Рејкјанес еруптираше вчера рано наутро и лава се излеа во рибарскиот град Гриндавик. Деструктивната лава срушила најмалку три куќи во Гриндавик, според локалните медиуми, со потенцијал за поголемо уништување, јавува BBC.

Главниот пат во Гриндавик е отсечен од изливот на лава.

слика

Исландски функционер ја опиша ерупцијата на вулканот како „најлошото можно сценарио“ и покрај повеќемесечните подготовки.

Директорот за цивилна одбрана, Видир Рејнисон, вели дека бариерите биле изградени северно од Гриндавик пред првата ерупција во декември. Но, од тие бариери излезе главниот тек на лава, а новата пукнатина што се појави во нив е „најлошото можно сценарио“.

Една од опциите што се разгледува е употребата на пумпи за ладење на лавата со морска вода за да се ограничи штетата, пренесува Sky News.

Гриндавик, град со 3.800 жители, се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Рејкјавик, главниот град на Исланд. Како што јавува BBC, лавата во тој град голта куќи и згради откако се отвориле две пукнатини.

Целото население е евакуирано од градот. Исландската метеоролошка служба (ИМО) соопшти дека пробивањето на бариерите на некои места и овозможило на лавата да стигне до градот, што предизвикало пожар во некои куќи и згради.

Научниот новинар и вулканолог Робин Ендрјус вели дека оваа ерупција е „исклучително опасна и штетна ситуација“, особено сега кога лавата навлегла во градот.

Тој за BBC изјави дека протокот на лава „не покажува знаци на забавување“, додавајќи дека во моментов не е можно да се процени степенот на штетата.

Тој предупреди дека ефектите од ерупцијата може да се покажат „прилично проблематични“ за луѓето со постоечки респираторни проблеми, бидејќи вулканската активност ослободува гасови како сулфур диоксид, кој ги иритира кожата, очите, носот и грлото.

Денес е мрачен ден за Гриндавик и денес е мрачен ден за цел Исланд, но сонцето повторно ќе изгрее“, посочи премиерката Катрин Јакобсдотир, која најави дека Владата ќе се состане во понеделник за да договори мерки за граѓаните кои се евакуирани.

Во своето вчерашно обраќање до нацијата, исландскиот претседател Гудни Јоханесон повика на солидарност со оние кои не можат да останат во своите домови поради ерупцијата на вулканот.

Гудни Јоханесон вели дека очекува ситуацијата да се смири.

Вчерашната ерупција беше петта што се случи долж полуостровот Рејкјанес од 2021 година, а на ерупцијата во декември и претходеа силни земјотреси.

слика
слика
слика
слика
слика
слика