ФОТО+ВИДЕО | ШТО ДОГОВОРИЈА ВЛАДИМИР ПУТИН И РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН !? Средбата која ја со нетрпение ја чекаше целиот свет заврши: Како и кога Русија ќе го оживее договорот за извоз на украинско жито ?

Руските и турските медиуми објавија дека заврши средбата меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во руското црноморско одморалиште Сочи.

Руските медиуми пренесуваат дека Владимир Путин на заедничка прес-конференција изјавил дека Русија ќе биде подготвена да го оживее договорот за храна, мислејќи на договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата во Црното Море, додавајќи дека Москва тоа ќе го стори веднаш штом ќе се склучат и исполнат сите евидентирани договори.

Би сакал да го потврдам нашиот принципиелен став: ќе бидеме подготвени да ја разгледаме можноста за заживување на договорот за храна. И денеска уште еднаш му кажав на претседателот на Турција за тоа“, порача Владимир Путин.

Тој уште еднаш ја обвини Украина дека додека Русија го обезбедува коридорот за жито, таа ги користела хуманитарните коридори за терористички напади.

Запад ја доведе Русија во заблуда во однос на хуманитарната природа на договорот за храна“, вели Владимир Путин.

Претседателот на Русија тврди дека раскинувањето на договорот за храна не влијаело на глобалните пазари за храна.

Цените се уште паѓаат. Ова особено би сакал да го нагласам за да не зборуваме за тоа“, вели Владимир Путин.

Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин
Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Русија изјави и дека односите меѓу неговата земја и Турција успешно се развиваат во сите правци и средбата со Реџеп Таип Ердоган ја оцени како успешна.

Реџеп Таип Ердоган кажа дека со Владимир Путин надолго разговарал за договорот за храната и додаде дека со рускиот колега разговарал и за изградба на нова нуклеарна централа во Синоп, Турција.

Околу тоа двајцата претседатели се занимаваа со ситуацијата во Кавказ, Либија и Африка, како и со испораката на руски гас за Турција.

Русија беше и ќе биде сигурен и одговорен снабдувач на гас и има намера да продолжи да ја снабдува турската економија и трети земји со евтино, но високо ефикасно и еколошки енергенси. Згора на тоа, подготвени сме да извезуваме транзитен гас преку Турција до потрошувачите во трети земји, каде што партнерите се заинтересирани за тоа“, прецизира Владимир Путин.

Средбата се одржа во резиденцијата на „Бочаров Ручеј“, пред која Владимир Путин лично го пречека турскиот колега.

На почетокот на средбата, Владимир Путин му рекол на Реџеп Таип Ердоган дека се надева дека двајцата ќе можат да завршат разговори за центар за испорака на руски природен гас што ќе се наоѓа во Турција, и изјавил дека ќе разговараат и за договор за извозот на украинско жито низ пристаништата во Црното Море.

Знам дека имате намера да го поставите прашањето за договорот за жито. Отворени сме за преговори за ова прашање“, рекол претседателот на Русија.

Овој договор беше постигнат во 2022 година со посредство на Анкара и Обединетите нации (ОН), а Русија одлучи еднострано да го напушти во јули оваа година.

Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин
Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган

Медиумската агенција Reuters наведува дека договорот помогнал да се олесни глобалната криза со храна.

Реџеп Таип Ердоган на почетокот на средбата изјави дека целиот свет чека вести во врска со прашањето за коридорот за жито.

Сите го чекаат исходот од нашата денешна средба. Верувам дека пораката на прес-конференцијата ќе претставува значаен чекор за целиот свет, а особено за африканските земји“, порача Реџеп Таип Ердоган.

Претходната средба меѓу Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган исто така беше одржана во Сочи на 5. август минатата година.