ФОТОГАЛЕРИЈА | Новак Ѓоковиќ е поголемо дете од Стефан и Тара заедно! Погледнете како тенисерот ужива во одморот со семејството: “Тој го користи секој момент да создаде насмевка на лицето на неговите деца!“
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се труди да го искористи секој слободен момент со семејството, а по завршувањето на Вимблдон си даде малку пауза за одмор и уживање со своите најблиски.
По краткиот престој во Црна Гора, тенисерот со својата луксузна јахта заплови во Дубровник, каде што поминува квалитетно време со семејството.
Новак Ѓоковиќ е фотографиран како ужива во разни лудории на вода со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
Новак Ѓоковиќ полудува по морските игри, а на една од фотографиите што се појави на Интернет може да се види и како тој ја турка сопругата во вода, додека децата не можат да ја тргнат насмевката од нивните лица, со оглед на тоа дека многу се забавуваат.
Новак Ѓоковиќ ќе има десет дена за одмор, пред да ги започне подготовките за американската турнеја, а во Синсинати го очекува првиот турнир кој започнува на 13. август.
Секако, врв на турнејата ќе биде УС Опен, кој започнува на 28. август, каде Новак Ѓоковиќ повторно има можност да ја освои својата 24. Грен Слем титула во кариерата.