ФОТОГРАФИИ КОИ ГО ОБИКОЛИЈА СВЕТОТ: 60.000 од најнасилните криминалци ќе бидат сместени во ОВОЈ мега-затвор
Шокантните фотографии покажуваат ултра-насилни членови на банда ставени во најголемиот мега-затвор во светот. Првата група затвореници, членови на една од најсуровите, најкрвожедните банди во светот – озлогласената Маре Салватруче или МС-13 – пристигна во затворот од кој, како што се фалат тамошните службеници, е невозможно да се избега. Оваа недела Салвадор уапси дури 65.000 луѓе поврзани со оваа банда, која дејствува и во Лос Анџелес.
Масовните апсења доаѓаат како резултат на одлуката на претседателот Најиб Букеле конечно да се справи со неверојатно високите нивоа на криминал во земјата.
Новиот затвор, изграден токму за оваа намена, се простира на 166 хектари, што го прави најголемиот во светот. Букеле конкретно ветува дека во новиот затвор затворениците нема да имаат пристап до „проститутки, плејстејшн, мобилни телефони или компјутери“, како што беше случај претходно.
Специјалната електронска опрема ќе ги блокира сигналите на мобилните телефони за да се спречи каква било комуникација од затворот. Затворот се состои од дури 8 згради, од кои секоја содржи ќелии за повеќе од 100 затвореници. Заменик-министерот за правда на Ел Салвадор, Озирис Луна, вети дека затворениците ќе бидат ставени во режим на принудна работа.
Инаку, Букеле поради бандите прогласи вонредна состојба во Салвадор, која во неколку наврати беше продолжена. Сега, апсењата може да се вршат без налог, властите имаат пристап до приватни комуникации, а приведените веќе немаат право ни на адвокат.