Фотографии кои ја покажуваат страшната ситуација во Еквадор по земјотресот: Најмалку 12 загинати, многумина под урнатините!

Земјотресот бил почувствуван и на северот на Перу

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо соопшти дека најмалку 12 лица загинале во силниот земјотрес што денеска ја погоди земјата.

Претходно агенциите пренесоа дека едно лице загинало во градот Куенка и три во крајбрежната држава Ел Оро и дека многу луѓе се заробени под урнатините.

Во земјотресот оштетени се куќи и згради, а бројни граѓани во паника излегоа на улица.

Во Гвајакил, околу 270 километри југозападно од главниот град Кито, властите пријавија штета на згради и куќи, како и некои урнати ѕидови.