ФОТО | Автомобил удрил во претседателскиот конвој на Џо Бајден: Објавени првите фотографии од несреќата – тајните агенти го опколиле возачот

Претседателот на САД, Џо Бајден, бил евакуиран од агенти на тајната служба откако автомобил удрил во блискиот теренец кој бил дел од претседателската поворка.

Претседателот и првата дама на САД, Џил Бајден, го напуштале својот изборен штаб во Вилмингтон, Делавер, околу 20 часот во неделата по вечерата на персоналот, кога се случил судирот.

слика

Првата дама на новинарите им посака – „Среќни празници“, а потоа настана инцидентот. Џо Бајден застанал, погледнал кон местото на несреќата и очигледно бил во шок.

Автомобилот – лимузина со таблички од Делавер, удрил во црн џип на американската тајна служба кој го штител претседателското возило.

Возачот продолжил да вози до затворена раскрсница пред агентите да тргнат во акција и да го опколат возилото. Вооружени агенти го извадиле оружјето и го впериле кон возачот и му наредиле да ги стави рацете во воздух.

Името на возачот не е објавено, а претседателот и првата дама не се повредени.

Белата куќа се уште нема објавено соопштение за овој инцидент.

слика