ФОТО | Актерот Шон Пен сакал да ги ‘стопи’ своите статуетки за Оскар и да ги претвори во муниција за убивање на Русите во Украина: Погледнете што му поклонил на Володимир Зеленски

Познатиот американски актер Шон Пен му подари една од неговите статуетки за Оскар на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Киев во 2022 година, со идеја дека статуата ќе биде „претопена во куршуми“ и искористена за одбрана од руски напад.

Тој објасни дека по одлуката на Американската академија за филмски уметности и науки да не му дозволи на Володимир Зеленски да зборува на церемонијата на Оскар во 2022 година, тој одлучил на Володимир Зеленски да му подари статуетка Оскар.

Мислев, па, по ѓаволите со тоа… Ќе ги дадам на Украина. Тие можат да се претопат во куршуми со кои може да се пука во Русите“, открива тој во интервју за магазинот Variety.

Шон Пен во кариерата освои два Оскари, двата во категоријата за најдобар актер.

Володимир Зеленски, Шон Пен
Володимир Зеленски и Шон Пен

Од почетокот на војната во Украина, Шон Пен веќе неколку пати го посети Киев, каде на Володимир Зеленски му врачи Оскар и вети дека ќе сними документарен филм за Мајдан и воените операции.

Во видеото објавено од Володимир Зеленски на социјалната мрежа Инстаграм во ноември 2022 година, може да се види како двократниот добитник на престижната филмска награда му го доделува Оскарот на украинскиот претседател за време на нивната средба во Киев.

Володимир Зеленски на актерот му додели Орден за заслуги III степен за неговата искрена поддршка и значаен придонес во популаризацијата на Украина во светот.

Шон Пен го нарече и украинскиот претседател Володимир Зеленски пријател.

Знаев дека или нема да почувствувам ништо или ќе си дозволам да се заљубам во него“, рекол актерот.