Манчестер јунајтед до крајот на сезоната без Мартинез

– Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед објави дека до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на аргентинскиот централен дефанзивец Лисандро Мартинез поради фрактура на коската на стапалото.

Мартинез се повреди во 86. минута од првиот четвртфинален дуел против Севиља во Лига Европа, на кој на полувремето поради повреда беше заменет и вториот стопер на Јунајтед, Рафаел Варан.

Јунајтед објави дека Варан ќе отсуствува од терените „неколку недели“.

Составот од „Олд Трафорд‘ во претстојниот месец и половина го чека пеколен распоред. Покрај Лига Европа и домашното првенство во кое се бори за едно од првите четири места што водат во Лигата на шампиони, Манчестер јунајтед наскоро го очекува и полуфиналето во англискиот ФА куп.