ХОРОР! Момче почина од смрзнување – татко му и маќеата цела ноќ го држеле во гаража

Мајкл Валва и неговата тогашна свршеница Анџела Полина беа осудени на доживотен затвор осносно 25 години затвор за смртта на синот на Мајкл, Томас, кој почина од хипотермија на 17 јануари 2020 година, откако ја поминаа ноќта на ледениот под во гаражата на неговиот татко.

Траумата на жртвата започна откако на Мајкл Валва му беше доделено делумно старателство над неговите тројца синови– Ентони, Томас и Ендрју – во 2017 година, а нивната мајка Јустина Зубко-Валва жестоко се бореше против таа одлука.

Таа ги снимила модринките на телата на нејзините деца и тврдела дека нејзините деца биле малтретирани. Таа објави и видеа на кои нејзините синови велат дека не смеат да кажат дека им недостига нивната мајка.

Како што беше утврдено на судењето, поранешниот полицаец (43) и неговата свршеница Анџела Полина (45) се обвинети дека го заклучиле малиот Томас во гаража од куќа на Лонг Ајленд. Го оставиле детето да замрзне до смрт.

Наводно, Полина му испратила на Мајкл видео на кое се гледа како Томас лежи на студ, смрзнувајќи се. Мајкл во тоа време работел ноќна смена.

Кога пристигнала Брзата помош следното утро, надвор било -19 степени. Малиот Томас бил пронајден гол, со спуштени панталони на колена, без ниту едно ќебе.

Момчето починало во болница откако му откажале органите затоа што доживеал хипотермија.

Наставничката на Томас, Мишел Каљано, на едно од судењата изјавила дека момчето е толку слабо и гладно што ги јадело остатоци од храна во училишите канти.

Сведочеше и директорот на училиштето. Тој изјави дека децата често доаѓале на училиште со исеченици на лицето, црвени образи, рацете им биле ладни, покриени со измет и урина.

Според обвинението од 2020 година, се наведува дека децата спиеле во просторија која немала бања. Тие беа казнети со тоа што беа принудени да спијат на подот без перници или ќебиња, соопштија обвинителите.

Откако Томас починал, неговиот татко се обидел да ги избрише видеата на кои се гледа како тој ги измачува децата. Меѓутоа, властите успеале да ги вратат.