ФОТО | Александар Вучиќ стана тотален хит на Интернет по објавата со чинија вишни на масата: “Која песна ја слуша тој ?“ – погледнете!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повторно се најде на мета на критики и шеги на негова сметка. Тој стана вирален хит на социјалната мрежа Твитер поради видеото од неговите изрази на лицето додека седи на маса со чинија полна со вишни.

Еден корисник на социјалната мрежа Твитер под таа објава го поставил прашањето „Која песна ја слушате ?“, а останатите набрзо почнале да се потсмеваат и пристигнале одговорите од познати српски балади односно стихови од песни.