Трите амбуланти кои БРАКО ги изгради во Скопје пружија целосно нови услови за пациентите и за медицинскиот персонал. Старите дрвени амбуланти во Ѓорче Петров, Лисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи, сега овозможуваат чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните.
Челичната конструкција е изработена во БРАКО, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи. Објектите имаат внатрешни хидранти, аларми за пожар со детектори за чад, посебни антипаник кваки на вратите за лесно отворање и хидранти надвор околу објектот. Со ова, Здравствениот дом Скопје доби објекти кои се квалитетни, издржливи и безбедни, и се далеку над стандардот на дрвените бараки во кои претходно се наоѓаа амбулантите.
Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol Fero Invest DOO Skopje Boulevard Kliment Ohridski 30 Skopje Republic of North Macedonia E-mail: [email protected] Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786