(ФОТО) Ана Ивановиќ повторно е бремена: Ги воодушеви сите со својата оригинална порака со Швајнштајгер
Една од најдобрите српски тенисерки на сите времиња, Ана Ивановиќ, ги израдува своите следбеници со добра вест.
Таа на социјалните мрежи објави дека е бремена по трет пат со сопругот и поранешна германска фудбалска ѕвезда Бастијан Швајнштајгер.
Таа закачила фотографија на која Бастијан го држи со рака нејзиниот труднички стомак со многу оригинална порака.
Јас и Бастијан официјално сме побројни“, алудираше Ана дека ова и е трето дете.
Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во врска од септември 2014 година, се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција, две години подоцна го добија првиот син, а во 2019 година вториот.
Постариот син Лука има пет години, додека помалиот Леон три и пол години