ФОТО | ‘АПОКАЛИПСА’ ВО ХРВАТСКА – Силно невреме за само 15 минути го уништи градот Новиград: “Паднаа повеќе од 200 дрвја, уништени се многу автомобили и паркови!“ – погледнете!

Силно неверување го опустоши Новиград во Хрватска. 

За само 15 минути невремето соборило околу 150 до 200 дрвја, а уништен е и летниот камп Сирена, додека оштетен е и кампот Лагуна, дополнително оштетени се бројни автомобили и камп приколки, а дрвја во градот паднале врз црква и уништени се многу паркови, пишува хрватскиот весник Jutarnji List.

Невиденото невреме започнало околу 15:30 часот и за 15 минути успеало да предизвика огромна материјална штета во тој истарскиот град, но за среќа нема повредени. Како што изјавил градоначалникот на НовиградАнтео Мило, штетата ќе биде санирана во следните седум дена. 

слика
слика

За среќа нема повредени, но штетата е огромна. Не се сеќаваме кога се случило вакво нешто во Новиград. Нешто слично се случи во Ровињ и Врсар пред 20 години. Невреме се спушти ниско и уништи се. Во моментов ни помагаат бројни пожарникари од Бујштина, Пореч и Ровињ. Штетата е огромна. Градежната механизација е на терен. Од 150 до 200 дрвја беа соборени, сите паркови ни беа уништени“, изјавил градоначалникот за Jutarnji List.

слика
слика