ФОТО | “А ВИЕ ПРОБАЈТЕ ДА ГО СРУШИТЕ!“ – Стојанче Ангелов со остра ‘закана’ до албанскиот политички блок по реакциите за крстот на Попова Шапка: “Не го чепкајте“

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов, денес преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се огласи за крстот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка и порача на сите да не го чепкаат истиот.

Попова Шапка

Изминатите два дена во македонската јавност се крена голема прашина околу поставувањето на крстот на Попова Шапка, а реакциите на некои политички партии и поединци од албанскиот блок предизвикаа голем гнев кај македонските граѓани, бидејќи тие бараат отстранување на крстот.

Така, еден од најистакнатите борци во војната од 2001 година, а денес директор на ЦУК, Стојанче Ангелов упати многу остра порака до сите кои се закануваат со отстранување на крстот. Во целост ви го пренесуваме целиот негов статус:

„НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ КРСТОТ НА ПОПОВА ШАПКА

Реакциите за 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка не само што се претерани по сите основи туку се и израз на непочит, крајно лицемерие и двојни стандарди од страна на албанските политички фактори во Македонија.

Особено ако се земе во предвид дека живееме во период кога на Попова Шапка врие од бесправно изградени објекти, во период кога на Попова Шапка бесправно е изградена и четирикатна џамија со 20 метарско минаре, во период кога низ државата бесправно се изградија повеќе споменици, кули и ‘музеи’ на УЧК, некои од нив ‘украсени’ со карти на Голема Албанија, во период кога при пречек на високи гости од Косово се мавта со знамиња на Голема Албанија и знамиња на соседни држави без притоа да се истакне и македонското знаме, во период кога се заговара пуштање на химната на Албанија во училиштата во Македонија, конкретно во Тетово…

Убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна ?

Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите ‘отстранување’ или ‘рушење’ во иста реченица со крстот на Попова Шапка.

Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана.

А вие пробајте да го срушите“.

Подоцна во текот на денот, Стојанче Ангелов во придружва на неговата сопруга објави фотографија од прошетка до крстот пред црквата „Св. Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, каде како што пишува бил на „палење свеќи за здравје“.