ФОТО | Бен Афлек ја понижи Џенифер Лопез! Поради неговиот потег, сега сите се уверија дека нивниот брак е пред распад – погледнете
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна пристигнаа заедно на премиерата на филмот „The Flash“, а сите погледи беа вперени во нив поради честите јавни расправии и несогласувања во кои се во последно време.
Познатиот холивудски пар во последно време привлекува големо медиумско внимание поради нивните чести расправии, кои се случуваа дури и на свечените церемонии, а сега беа забележани во сосема поинакво расположение на премиерата на новиот филм на Бен Афлек „The Flash“ во Лос Анџелес.
53-годишната пејачка и 50-годишниот актер си разменија бакнежи пред фоторепортерите, но дополнителното внимание на сите собрани го привлекоа неговите чудни изрази на лицето и гримасите кои ги направи латино-дивата по бакнежот во образот. Изгледа дека баш и не и е многу грижа, а бакнежот бил сосема поинаков од сите претходни пред камерите.
Двојката, која се венча минатата година, неколку пати беше снимена за време на жестоки расправии и караници на улица, во автомобил, па дури и на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „Mother“.
Една од причините што се споменува е дека Бен Афлек наводно посакува помирен живот, а ПР експертот Маја Риаз сугерира дека тоа е многу можно.
„Изгледа дека не ужива во јавната страна на својата актерска работа, особено на појавувања како разни награди и премиери. Последните неколку пати не изгледаше како да ужива. Колку почесто ќе се појавува во јавноста, толку настаните изгледаат мизерно или покажуваат дека има тензија меѓу него и Џенифер, таа можеби нема ни да сака тој да присуствува во иднина. Меѓу ѕвездите има познати личности кои имаат помирен живот и покрај нивниот статус на славна личност. Тоа е сосема можно“, тврди таа.
Таа, исто така, сугерираше дека Џенифер Лопез сепак ќе може да го задржи статусот на славна личност од А-листата, дури и ако тој направи чекор назад и одлучи да живее под радарот, додавајќи дека иако тие имаат проблеми, тоа не значи крај на нивната љубов.
„Кој знае каква е вистинската природа на нивната врска. Да, можеби имаа неколку расправии, дури и јавно, но кој пар не го прави тоа ? Сè што знаеме е дека тие се уште се заедно како пар. Тие се познаваат. Сега е доволно добро и мислам дека ќе останат заедно засекогаш“, тврди Маја Риаз.