(ФОТО) Била НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, а животот и бил пекол долго време: Славниот фудбалер ЈА ИЗНЕВЕРУВАЛ НАСЕКАДЕ, а денес е сосема друга жена
Убавината понекогаш може да биде и благослов и проклетство. Ова го почувствува поранешната убава мис на Југославија – Сузана Жуниќ. Во 1988 година, Сузана беше прогласена за најубава жена во Југославија во тоа време.
Мажите лудуваа по неа, а на крајот на осумдесеттите, нејзината убавина ги остави сите без здив . Додека многумина се обидуваа да ја освојат Сузана Жуниќ , таа веќе му го даде срцето на еден маж.
Со ласкавата титула Мис, сите врати и беа отворени. Сепак, нејзиниот живот не испадна баш како што сакаше. Таа се заљуби, а срцето и го украде хрватскиот фудбалер Игор Штимац, кој само една година пред Сузана да биде прогласена за Мис на Југославија , со репрезентацијата го освои златото на Светското првенство во Чиле.
Со оглед на тоа што и двајцата беа поканети на најважните приеми во земјата, како гордост на нацијата, не помина многу време пред да се сретнат и да започнат романса за која долго и нашироко се пишуваше во медиумите.
Бракот што следеше набргу потоа и траеше следните 19 години на многумина им изгледаше како идеал за среќа. Имаа сè: успех, убавина, популарност, почит во општеството. Меѓутоа, зад таа маска на среќна жена, Жуниќ криеше длабоко незадоволство бидејќи сите брмчеа дека нејзиниот сопруг постојано ја изневерува. Особено позната беше неговата романса со пејачката Алка Вуица.
Сè што излезе на површина во тоа време беше последната капка, па по две децении непочитување од сопругот и потсмев од општеството, Сузана Жуниќ реши да го остави.
На Сузана Жуниќ и требаше долго време да се опорави од овие удари, но успеа да се избори со депресијата. По разводот со Штимац, Сузана во 2015 година се омажи за Дамир Милачиќ, тренер на кошаркарскиот клуб Шибеник, по шест години врска.
Сузана од бракот со Штимец ги има синот Лука и ќерките Миа и Деа. Со оглед на тоа што нејзините деца се веќе полнолетни, Сузана имаше доволно време да се посвети на својата голема љубов – сликарството.
Денес, во удобноста на своето мало студио, таа слика и создава и слободно може да се каже дека уметноста ѝ доаѓа природно.