ФОТО | БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА НА НОЗЕ – Сопственик на хотел жестоко претепал млада вработена која само барала да и биде исплатена платата: “Монструм, веднаш затвор!“

Повеќе од илјада граѓани се собраа во средата попладне во Јабланица, мал град во северниот дел на Босна и Херцеговина, на протест против претепувањето на 28-годишна жена која стана жртва на сопственик на хотел во кој работела, а воедно стана и симбол на отпорот против насилството врз жените.

Минатата недела сопственик на хотелот ЈабланицаАмир Џафиќ, жестоко ја претепал помладата жена Ениса Клепо, откако таа побарала да и ја исплати платата. Таа се здобила со сериозни повреди во пределот на главата. Младата жена одлучила јавно да проговори за тоа и брзо станала симбол на отпорот против насилството.

На протестот во Јабланица се собраа многу луѓе кои истакнаа транспаренти со пораки за поддршка на Ениса Клепо и побараа затвор за напаѓачот.

За време на протестот, граѓаните го блокираа и централниот пат кој води од Сараево кон Мостар. Поддршка за младата жена и дадоа бројни активисти, а на протестот се појавија и некои политичари.

Во изнесените барања, претставниците на невладините организации побараа итно процесуирање на насилството врз Ениса Клепо. Тие побараа и построги казни за сторителите на насилство врз жените.