ФОТО | БРУС ВИЛИС ВИДЕН ЗА ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО ВЕСТА ДЕКА СОСТОЈБАТА МУ Е ВЛОШЕНА – Новите фотографии кажуваат повеќе од зборовите – погледнете
Познатиот актер Брус Вилис претходниот ден се појави во Калифорнија, за првпат во јавноста откако беше објавено дека неговата состојба многу се влошила. Веста за ова ги вознемири неговите многубројни обожаватели, а што откриваат новите фотографии ?
Брус Вилис бил придружуван од двајца телохранители. Тој бил забележан и фотографиран како вози автомобил, а за разлика од неговите претходни средби со папараците, овој пат ги поздравил фотографите. Последиците од болеста се забележливи, но неговата реакција е охрабрувачка и открива дека актерот нема така лесно да се откаже.
Познатиот актер Брус Вилис се бори со фронтотемпорална деменција, која му беше дијагностицирана претходно оваа година. Извори овој месец открија како изгледа секојдневието на оваа холивудска ѕвезда чие семејство инсистира само на една работа.
„Кога му беше дијагностицирана дијагнозата на Брус Вилис, сите се собраа за да го задржат сеќавањето на неговото семејство недопрено. Сите се тука. Ова искуство ги зближи“, рекол инсајдерот и додал: „Никој не знае колку време му преостанува на Брус Вилис, па го апсорбираат секој момент што го поминуваат со него“.
Брус Вилис деновите ги поминува со сопругата Ема Хеминг Вилис и поранешната сопруга Деми Мур и со петте ќерки што ги доби од тие два брака. Според изворот, сите во семејството се фокусирани на Брус Вилис, кој имал многу повеќе лоши денови отколку добри во последните неколку месеци.
Друг извор додал дека актерот има 24-часовна грижа, но барем еден член на семејството е секогаш покрај него.
Брус Вилис претходниот ден е забележан во Калифорнија, бил со пријателите, кои се грижеле за него, а најновите фотографии се уште поохрабрувачки.