Џорџ Клуни: „Нема доволно дрога на светот за да ме натераат повторно да го направам тоа“ (ФОТО/ВИДЕО)

Тоа е улога која актерот ја смета за најголема грешка во кариерата.

Џорџ Клуни неодамна изјави за Entertainment Tonight дека „нема доволно дрога во светот за да го натера да игра Бетмен повторно”.

Актерот претходно често нагласуваше дека прифаќањето на оваа улога е една од најголемите грешки во неговата кариера.

 

Клуни првпат го играше иконскиот лик во филмот „Бетмен и Робин“; од 1997 година, со Арнолд Шварценегер и Ума Турман. Претходно оваа година, тој се појави во епизодна улога како Брус Вејн во последните сцени на „The Flash“.

Познатите гумени брадавици

За неговото кратко појавување во филмот, актерот сакаше да го носи истиот костим со лилјак што го носеше во оригиналниот филм, кој беше познат по своите гумени брадавици.

– Прашав: „Каде се моите гумени брадавици?“. Тие ми рекоа: „Можеме ли без нив?“, а јас им реков: „Тогаш не е мојот Бетмен, нели?““, рекол актерот.