ФОТО | Брутална изјава на Лепа Брена за големите трагедии што се случија во Србија – по овие зборови целиот Балкан ќе си стави ‘прст на чело’

Трагедиите што изминативе денови се случија во соседна Србија длабоко го потресоа целиот регион, а по повод овие немили настани, јавни личности од соседството со денови се огласуваат на социјалните мрежи.

Неопислива е тагата и на Лепа Брена, најголемата балканска музичка ѕвезда која несебично ги сподели своите најдлабоки емоции со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Тоа е потценување – ТРАГЕДИЈА! Го доживувам ова тешко како и секоја мајка. Ова е последната фаза и смрт на нашето општество. Насилството, дрогата, убиствата и криминалот се секојдневие од нашиот живот, а медиумите, печатени и електронски, како и социјалните мрежи, се поттикнувач на злото кое се шири со брзина на епидемија. Моето сочувство до семејствата – семејството Живојиновиќ“, напишала пејачката кратко по страшната вест за масакрот во училиштето во Врачар и ги известила своите бројни обожаватели дека ќе ги откаже настапите до понатамошно известување.

Времето минува и тридневната жалост во Србија е официјално завршена, но никој не може да се помири со фактот дека сите тие животи се згаснати засекогаш.

Тагата на Лепа Брена, како и на целото нејзино семејство, не стивнува, а таа на својот профил повторно со силна порака го сподели своето видување за целата ситуација со сочувство за семејствата на загинатите.

објавата на Лепа Брена на социјалната мрежа Инстаграм

Тешко го продолжуваме новиот ден. Тагата и сочувството продолжуваат. Моралот, етиката и срамот треба да се вратат. Треба да се вратат интелигенцијата, мудроста и почитта, резултатите од работата, кредибилитетот и достоинството“, стои во објавата на најголемата балканска ѕвезда.