ФОТО | БУЈНАТА БИСТА ЈА ЗАСЕНИ МОДНАТА ПИСТА – Селена Гомез ги покажа убиствените облини во провокативен корсет, а една сцена ги зачуди нејзините обожаватели

Многумина не сакаа да ја пропуштат модната недела во Париз, а меѓу нив е и пејачката Селена Гомез. 

Музичката ѕвезда го привлекла вниманието на сите со својот „убиствен“ стајлинг додека пристигнала на вечера во луксузниот „Royal Monceau“. Таа ги привлече сите погледи во црн костум кој го истакна нејзиното смело деколте.

слика
Селена Гомез

Селена Гомез се одлучи за корсет „Marc Jacobs“, кој го искомбинирала со исечена јакна и соодветни панталони со висок струк од „Alexandera Wanga“. Стајлингот го комплетираше со дизајнерски појас, исто така „Alexandera Wanga“, и пар обетки.

слика
Селена Гомез

31-годишната пејачка и се препушти на модната игра во странство, па покажа уште една секси облека. Таа позираше во секси пар лакирани чизми високи до бутовите и бела кошула-фустан од „Alaïa“ со длабоко деколте, а фотографијата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Таа присуствувала и на фудбалскиот натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј на стадионот „Паркот на принцовите“ со нејзината пријателка Никола Пелц и нејзиниот сопруг Бруклин Бекам, а подоцна била видена како се држи за рака со мистериозен маж.