ФОТО/ВИДЕО | ТОТАЛЕН ХАОС НА “МАРАКАНА“ – Жестока тепачка, Емилијано Мартинез удри по полицајците, Лионел Меси го повлече тимот, а на крајот Аргентина го совлада Бразил

Аргентина го победи Бразил на гостински терен со резлутат од 1:0 (0:0) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство со голот на Николас Отаменди во 63. минута, но на славната „Маракана“ се случуваше вистински хаос.

Натпреварот меѓу големите ривали доцнеше поради тепачка на трибините, поради што капитенот на актуелниот светски шампион, Лионел Меси, ги повлече играчите на репрезентацијата во сооблекувалната.

слика
слика
слика
слика

На делот од трибината каде што биле сместени гостинските навивачи дошло до тепачка со навивачите на Бразил, полицијата жестоко интервенирала, а сето тоа прераснало во жестока пресметка во која аргентинскиот голман Емилијано Мартинез дури удри и припадници на органите на редот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Откако Аргентинците се вратија на теренот, дојде до расправија меѓу играчите на двете репрезентации, имаше закана да дојде до физички конфликт и на теренот, но за среќа, натпреварот започна со околу 30 минути задоцнување.

Во таква атмосфера подобро се снајде светскиот шампион, кој својата шанса ја чекаше по корнер во вториот дел од играта. Николас Отаменди одлично реагираше и со глава им донесе клучна предност на гостите.

Нов инцидент се случи во 81. минута кога Бразилецот Жоелинтон беше исклучен, бидејќи Родриго Де Пол се преправаше дека добил удар во глава. Интересно е што ниту ВАР не ја промени оваа одлука, па Бразил на крајот ја продолжи серијата лоши резултати, додека Аргентина направи длабок чекор кон Мундијалот, иако се само на една третина од квалификациите …