Бронзен меч стар повеќе од 3.000 години е пронајден во Германија и се вели дека е толку добро сочуван што сè уште свети.
Баварската канцеларија за зачувување на историските споменици (BLfD) објави дека мечот, за кој се верува дека потекнува од крајот на 14 век п.н.е. (средината на бронзеното доба), бил пронајден за време на ископувањата минатата недела во градот Нордлинген, кој се наоѓа помеѓу Нирнберг и Штутгарт.
Мечот има осмоаголна рачка, а е пронајден во гробница во која има три лица – маж, жена и момче. Засега не е познато дали овие три лица се во роднинска врска и, доколку е така, како се поврзани. Шефот на BLfD Матијас Пфеил изјави дека археолозите сè уште треба да го истражат мечот и гробницата за да го категоризираат ова археолошко откритие.
„Меѓутоа, веќе можеме да кажеме дека неговата состојба е извонредна и вакво откритие е многу ретко“, изјави Фајл.
BLfD нагласи дека е невообичаено да се најдат мечеви од споменатиот период, пишува весникот Гардијан.