ФОТО | ‘Годините не ѝ значат ништо’ – една од најпознатите холивудски актерки го покажа лицето без шминка: Погледнете зошто таа ја носи титулата на ‘безвременска убавица’!

Мишел Фајфер (65 г.) со објава на нова фотографија потврди дека за нејзините години се само бројка и дека и во седмата деценија ужива во плодовите на својата работа и успешна кариера.

Не секоја позната жена во Холивуд е подготвена да покаже како изгледа нејзиното секојдневие, освен ако тоа не е Мишел Фајфер. Познатата актерка никогаш немала проблем да се појави во јавноста без шминка, но и да го сподели своето секојдневие, кое е далеку од холивудскиот гламур.

Мишел Фајфер
Мишел Фајфер

Мишел Фајфер на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија без шминка и напиша дека со нетрпение го чека сонцето во Лос Анџелес.

Сонце во ЛА. Конечно. Имајте одлична недела“, стои во описот на објавата.

Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.

Мишел Фајфер еднаш ја откри тајната на нејзината безвременска убавина: „Јади добро, вежбај и спиј доволно. Нема голема процедура во тоа“.

Мишел Фајфер гради успешна актерска кариера повеќе од четири децении, а во текот на 80-тите и 90-тите години стана една од најпрофитабилните холивудски ѕвезди. По долга актерска пауза, актерката се врати на големото платно во 2017 година во филмот на Дарен АрофонскиMother!“.

Мишел Фајфер еднаш изјави дека на почетокот на нејзината кариера била манипулирана од мистериозен пар кој бил на чело на метафизички и вегетаријански култ. Таа призна дека е опседната од овој култ и дека им дала се што заработила.