ФОТО | ГРУПА АЛБАНЦИ НАПРАВИЛЕ ХАОС ВО ВЕНЕЦИЈА – На плоштадот сакале да го подигнат знамето на Албанија наместо тробојката на Италија !?
На „Денот на знамето на Република Албанија“, 29. ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција.
Најмалку дваесет Албанци го блокираа „Корсо Мартири“ со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот „Република“ во тој град и се обиделе да го подигнат албанското знаме на еден од најголемите јарболи.
Тој јарбол, како што пишува La Nuova Venezia, е резервиран за италијанската тробојка.
Овој инцидент предизвика гнев кај жителите на Портогруаро, бидејќи многу жители беа разбудени од вревата, а некои повикаа полиција, која не интервенирала.
Сепак, како што пишува италијанскиот весник, службениците во цивилна облека ја следеле ситуацијата од терен.
На Албанците сега им се закануваат кривични пријави и административни санкции, пред се за блокирање на сообраќајот, како и за бучава и оштетување на државен имот, а целата драма на полошадот во овој италјански град можете да ја погледнете ОВДЕ.