ФОТО | ДАЛИ ОВА Е КРАЈОТ НА ВАГНЕР !? Објавените сателитски снимки од Белорусија покажуваат шокантни активности

Сателитски снимки од воена база југоисточно од Минск, Белорусија, направени во последните неколку недели покажуваат демонтирање на шатори во кои биле сместени платениците на групата Вагнер.

Ова може да укажува на затворање на воената база Вагнер на руската паравоена формација, објави денес медиумската агенција Reuters, повикувајќи се на снимките на компанијата за снимање на Земјата, Planet Labs.

Агенцијата потсетува дека по краткотрајниот воен бунт против руското воено раководство, кој претседателот на таа земја, Владимир Путин, го осуди како предавство, претседателот на БелорусијаАлександар Лукашенко, ја покани групата Вагнер да биде стационирана во таа земја како дел од договорот со кој заврши бунтот.

На крајот на август, водачот на ВагнерЕвгениј Пригожин, и неговите најблиски соработници загинаа кога приватниот авион во кој се наоѓаа се урна под засега неразјаснети околности.