Четири лица загинаа, а две се повредени во воздухопловните несреќи во САД

 – Најмалку четири лица загинаа, а две се повредени во две воздухопловни несреќи што се случија вчера во американската држава Висконсин.

Според изјавите на локалните официјални лица, вчера попладне на аеродромот во Висконсин се судрија хеликоптер од типот Роторвеј 162 и жирокоптер ЕЛА Еклипс 10.

Во несреќата загинаа две лица, а уште две се повредени.

Истиот ден две лица загинаа при пад на едномоторен авион од типот T-6 во езерото Винебаго.