ФОТО | Девојките од овие земји најмногу пати биле Мис на светот, ова се дел од победничките

ВЕБ САЈТ World of Statistics објави интересни податоци за изборот за Мис на светот. Имено, тие објавија дека најмногу победници на тој избор за убавина дошле од Индија и Венецуела. Низ историјата, по шест девојки од секоја земја ја освоиле титулата Мис на светот.

По овие земји следат Јамајка, Велика Британија, Јужна Африка, САД, Исланд, Шведска, Полска и Порторико. Мис на светот е најстариот меѓународен натпревар за убавина, кој се одржува од 1951 година. Овој избор се смета за еден од најпознатите во светот.

Затоа, решивме да се потсетиме на убавиците од Индија и Венецуела кои ја понесоа титулата Мис на светот од 1995 година наваму.

Индија

Јукта Муки (1999)

Пријанка Чопра (2000)

Мануши Чилар (2017)

Венецуела

Жаклин Агилера (1995)

Ивијан Саркос (2011)