ФОТО | Деми Мур на ревијата во Париз дојде во предизвикувачки фустан, а потоа на фотографите им откри повеќе отколку што требаше…
Актерката Деми Мур покажа повеќе отколку што сакаше на модната ревија на „Saint Laurent“ пролет/лето 2024 за време на модната недела во Париз.
Имено, холивудската ѕвезда дојде во проѕирен црн фустан кој имаше дополнителен слој над нејзините гради. Меѓутоа, додека позирала пред фотографите ја подигнала рака за да ја среди косата, а од под проѕирниот црн фустан ненамерно и се виделе градите.
Но изгледа дека тоа не и пречело, па продолжила да позира и да се насмевнува пред камерите.
И покрај несреќата, таа изгледаше прекрасно – нејзиното тело е во одлична форма со оглед на тоа дека за нешто повеќе од еден месец актерката го слави својот 61 роденден.