ФОТО | Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис ја реафирмирале волјата за продлабочување на билатералните односи

Билатералните односи и ситуацијата во регионот, биле во фокусот на средбата на премиерите на Северна Македонија и Грција – Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. 

Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис се сретнаа утрово на маргините на НАТО Самитот што се одржува во Вилнус.   

За време на средбата разменија мислења за последните случувања во регионот, а ги разгледаа и билатералните односи и ја реафирмираа волјата за нивно продлабочување“, информираа од кабинетот на Кирјакос Мицотакис.

Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис

Ова е прва средба на премиерите на двете земји по избрите во Грција на 25. јуни и е на само четири дена откако Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од Парламентот.