“ЗЕМЕТЕ МЕ МЕНЕ, ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ДЕЦАТА!“ – Пратеникот на Папата во Ерусалим испрати порака до Хамас: “Подготвен сум за размена, нема проблем“

Кардиналот Пјербатиста Пицабала, пратеник на папата Франциско во Светата земја, кажа дека е подготвен да му се предаде на Хамас во замена за киднапираните израелски деца кои ги држат како заложници палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.

Медиумската агенција Reuters пренесува дека Пјербатиста Пицабала, кој ја носи титулата латински патријарх на Ерусалим, го изјавил ова за време на видео конференција со новинари во Италија.

Подготвен сум за размена, ако може да доведе до ослободување, децата да се вратат дома. Нема проблем. Од моја страна има целосна волја“, рекол кардиналот.

Тој порачал дека тој и неговиот кабинет се уште немаат директен контакт со Хамас.

Не можете да разговарате со Хамас. Многу е тешко“, рекол папскиот пратеник.

Израелската Армија денеска соопшти дека Хамас заробил 199 лица за време на нападот во јужен Израел на 7. октомври.