ФОТО | ПОРНО-ЅВЕЗДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА – Убавицата се прости од обожавателите, зеде пушка во раце, а потоа силно му се закани на Хамас

Еврејската актерка за возрасни, популарната Наталија Фадејева, се пријави во израелските одбранбени сили (ИДФ) и вети дека ќе го избрише Хамас од лицето на земјата.

Наталија Фадеев
Наталија Фадејева

Наталија Фадејева, која често објавува фотографии во различни воени униформи, вели дека одлучила да се пријави откако Хамас го нападна Израел. Ѕвездата на платформите за возрасни со денови објавува фотографии од ужасите за време на конфликтот меѓу еврејската држава и Хамас. Досега, илјадници невини Израелци и Палестинци загинаа во конфликтите.

Хамас нема што да придонесува за човештвото. Мораме да ги избришеме од лицето на земјата. Мораме да ги уништиме“, рекла Наталија Фадејева и додала дека од ужасните сцени не може ни да спие.

Наталија Фадејева сега објави селфи на социјалната мрежа Инстаграм во целосна униформа на ИДФ, позирајќи со нејзиниот борбен тим, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Ова не е војна! Ова е злосторство против човештвото“, напиша актерката за возрасни во описот на објавата.

Таа додаде дека во догледна иднина нема да објавува содржини на нејзиниот канал на платформа за возрасни.

Нема да бидам многу активна на социјалните мрежи. Дојдов во мојата единица како резерва, не знам до кога ќе останам, молете се за нас“, напишала таа.

Израел и претходно користеше фотографии од атрактивни припадници на ИДФ за да привлече регрути. Наталија Фадејева беше една од деветте убави членови на Армијата чии фотографии беа користени за пропагандни цели.