ФОТО | Димитар Ковачевски на предновогодишна средба со децата од малите групни домови од Детскиот дом “11 Октомври“
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денес заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, имаше новогодишна средба со децата згрижени во мали групни домови од Детскиот дом „11. Октомври“ во Скопје.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Димитар Ковачевски разговарал со децата за предизвиците со кои се соочуваат во училиште, како и во нивното секојдневие, како и за нивните очекувања и планови во годината што следува.
Децата му ги пренеле на премиерот Димитар Ковачевски своите размислувања дека во малите групни домови сите функционираат како едно големо семејство, при што искажале убави зборови за потребната нега и грижа што ја добиваат во групните домови каде се негуваат семејните вредности.
На децата им биле поделени пригодни новогодишни подароци.
„Со процесот на деинституционализација, се овозможи згрижување на децата од Домот ‘11. Октомври‘ во мали групни домови и згрижувачки семејства каде децата имаат достоинствени услови за развој. Со новиот облик на згрижување на децата без родители им се обезбедува пристоен семеен амбиент во кој тие се социјализираат и стекнуваат животни навики“, се наведува во соопштението.